Радев ја покани Сиљановска-Давкова на средба во Софија

Фото: Колаж

Сиљановска-Давкова и бугарскиот претседател Румен Радев не остварија средба во Рим иако и двете делегации се на аудиенција кај Папата Франциск. Како што изјави Радев, поради набиената програма организирана до минута, бугарската делегација не можела да се сретне со македонската делегација.

Румен Радев ја покани Сиљановска-Давкова на средба во Бугарија и се надева дека ќе се сретнат „час поскоро“.

– Позитивен знак е што претседателот на Република Северна Македонија покажал желба за ваква средба. Сметам дека желбата на Република Северна Македонија за дијалог е позитивен знак. Само преку дијалог ќе ја зајакнеме меѓусебната доверба, ќе ги решиме сите спорни прашања и ќе ја отвориме вратата на РСМ кон ЕУ. Се надевам и мој апел е дека оваа средба ќе се случи час поскоро. На ред е претседателот на РСМ, ако не се лажам, да дојде во Бугарија, изјавил Радев.

Претседаелка Гордана Сиљановска Давкова ја предводи државно-црковната делегација во Рим и Ватикан во рамки на чествувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.Ова е нејзина прва посета во странство по преземањето на функцијата на 12 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот