Работник од Пехчево тешко повреден на работното место во фабрика

Фото: ТВ24 / принтскрин

Работник од Пехчево денеска бил тешко повреден на работното место во фабрика во градот, соопшти МВР.

„На 04.05.2023 во Полициската канцеларија Пехчево било пријавено дека околу 13.30 часот Б.П.(47) од Пехчево, при извршување на работни задачи во фабрика во Пехчево, се здобил со тешка телесна повреда констатирана во Клиничката болница Штип“, се вели во полициското соопштение.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Берово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот