фото: Rabotnicki Skopje

Работнички со осум играчи успеа да го совлада Пелистер во Првата лига

Денеска во 19 коло од Првата македонска кошаркарска лига Работнички славеше на гостински терен против Пелистер со 90:83.

Иако скопскиот клуб во составот имаше само осум играчи на крајот успеа да дојде до победа над битолската екипа.

Во победничките редови Рош запиша „дабл-дабл“ учинок од 18 поени и 12 скокови, следен од Ѓуроски со 16 поени и седум асистенции.

На спротивната страна Мишковиќ исто така забележа „дабл-дабл“ од 28 поени и 11 скокови, додека Гембрел имаше 22 поени.

Во неделата се одигра уште еден меч, Феникс 2010 како гостин триумфираше над тимот на Гостивар со резултат 75:89.

На табелата Работнички е на третото место со 31 бод, додека Пелистер е шестопласиран со 30. Феникс 2010 е на осмата позиција со 29 бодови, додека Гостивар е на 10 место со 26.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот