
Путин: Подготвен сум да преговарам за крај на инвазијата, доколку се исполнат сите мои барања
Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на германскиот канцелар Олаф Шолц дека е подготвен да разговара за начините за ставање крај на руската инвазија на Украина, но само доколку се исполнат условите што тој ги постави на почетокот на конфликтот.
Препорачано
Во телефонски разговор, Путин му рекол на Шолц дека е подготвен да разговара со сите кои сакаат мир во Украина. „Но, под услов сите руски барања да бидат исполнети“, рече тој.
„Демилитаризација и денацификација на Украина“
Рускиот претседател ги повтори овие барања, кои вклучуваат „демилитаризација“ на Украина, „денацификација“ на земјата, неутрален и ненуклеарен статус на Украина, меѓународно признавање на руската анексија на полуостровот Крим во 2014 година и суверенитет на отцепените региони Луганск и Доњецк.
Путин и рекол на германскиот канцелар дека се надева дека Украина ќе заземе „разумна и конструктивна“ позиција во следната рунда разговори, соопшти Кремљ.
Беа одржани две рунди преговори
Русија и Украина одржаа два рунди разговори откако Русија изврши инвазија на, како што ја нарекува, „специјална воена операција“ пред осум дена.
Киев и Москва досега постигнаа разбирање за потребата од воспоставување хуманитарни коридори за евакуација на цивили.