Путин и Вучиќ на 9 мај 2025 година во Москва / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO/AP POOL

Путин: Младите луѓе во Србија кои излегуваат на улица се патриоти, треба да се води дијалог со нив, тоа е она што Вучиќ се обидува да го направи

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на пленарната сесија на 22-от годишен состанок на Меѓународниот дискусионен клуб „Валдај“ во Сочи. Темата за оваа година е „Полицентричен свет: Водич за корисниците“.

Зборувајќи за протестите во Србија, Путин рече „дека младите луѓе кои учествуваат во протестите се патриоти и дека треба да водиме дијалог со нив“, јавува Nova.rs.

-Тие се обидуваат да ја дестабилизираат ситуацијата во Србија преку младите. Младите луѓе што протестираат се патриоти, тие треба да водат дијалог со нив, што Вучиќ се обидува да го направи. Силите што ги туркаат на улиците сакаат српскиот народ да страда уште повеќе“, рече Путин, додавајќи дека „се согласува со проценките дека Западот се обидува насилно да ја смени владата во Србија“.

„Обоените револуции не водат кон ништо добро, треба да останеме во рамките на уставните норми“, рече тој, објави Спутник.

Тој, исто така, рече дека никогаш не треба да ги заборават страдањата низ кои поминал српскиот народ, пред, за време и по Првата и Втората светска војна.

„Оние што ги туркаат младите луѓе на улиците сакаат српскиот народ да продолжи да страда, иако не зборуваат јавно за тоа“, предупреди рускиот лидер.

Но, тоа, заклучи тој, е „внатрешно прашање на Србија, а не на Русија“, и изјави дека има „сосема добри односи“ со претседателот Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот