Пунктовите за вадење лични документи утре и задутре ќе работат со полно работно време

Нов пункт во ПС ''Пролет'' за вадење на лични документи / Фото: „Слободен печат“- Методи Здравев

Пунктовите за фотографирање и издавање на лични документи утре и задутре ќе работат со полно работно време, граѓаните кои имаат закажано термини за фотографирање и замена на лични документи во Скопје се известуваат дека закажаните термини ќе бидат реализирани, информираат од Министерство за внатрешни работи.

-Согласно одлуката на Владата, работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје утре, на 29 ноември (среда), треба да заврши во 12 часот, а 30 ноември (четврток) да биде неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје, како и за основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ, тоа нема да важи за службите за граѓански работи на МВР, кои и двата дена ќе работат редовно, со полно работно време, велат од МВР.

Оттаму апелираат да се почитуваат закажаните термини, со цел непречено функционирање на процесот на замена и издавање на личните документи.

Со цел непречено функционирање на процесот на замена и издавање на личните документи, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот