Пула го забрани нудизмот и пиењето алкохол на плажите

драч, плажа албанија
Драч, Албанија / EPA/ARMANDO BABANI

Со мнозинство гласови – 11 за, седум против и двајца воздржани, Советот на град Пула во понеделникот вечерта усвои забрана за нудизам и за консумирање на жестоки пијалоци на плажите, на која и претходеше жестока расправа. И додека за некои тоа е цивилизациски чекор напред, за други е чекор назад, објави Хина.

„Го поставувам прашањето, кој практичен проблем доведе до забрана на нудизмот бидејќи законот не го забранува“, рече советничката Душица Радојчиќ.

Таа исто така додаде дека Пула има голем број природни плажи каде капачите со децении се капеле целосно без или без дел од костим за капење и дека тоа никогаш не било спорно, ниту пак на некој начин му наштетило на некого и на нешто. Таа, исто така, смета дека е контроверзна одлука на плажите да се консумира пиво и вино, но не, на пример, џин и тоник.

„Можете да пиете џин и тоник во бар на плажа, но не и надвор од неа. Понекогаш ми се чини дека Монти Пајтон стана реалност во Пула со оваа градска управа“, вели Радојчиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот