Пукање во Шведска, тројца тинејџери повредени

Шведска
Шведска полиција / Фото: EPA-EFE/Jonas Ekstromer

Најмалку три лица се ранети во престрелката во шведскиот град Седертелје. Полицијата и итната помош се на местото на пукањето, а нема информации дали напаѓачот е уапсен, јавуваат светските новнински агенции.

Како што пренесуваат медиумите во тек е голема полициска акција поради пукањето во шведскиот град Седертелје, јужно од Стокхолм, пренесува јавниот шведски сервис СВТ.

Повредени се три лица и станува збор за тинејџери, а СВТ дознава дека повредените се родени 2006 и 2007 година. Еден од нив е тешко повреден, и сите се пренесени во болница.

Полицијата е на терен, врши увид и разговара со очевидци а во меѓувреме покрената е прелиминарна истрага за убиство во обид и тешко кривично дело поседување на оружје.

Бран насилство ја зафати Шведска пред една година, а се претпоставува дека се работи за справување со криминални банди, пренесува РТС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот