
Публицистката обвинета дека објавила пораки за да ја оцрни Блејк Лајвли, всушност била принудена да ги предаде на судот
Публицистката Стефани Џонс минатата година беше обвинета дека објавила пораки кои подоцна откриле наводен заговор за клевета на Блејк Лајвли. Сепак, судските документи до кои дојде „Пејџ Сикс“ покажуваат дека Џонс намерно не ги објавила пораките за да ѝ наштети на својата колешка, туку судот ѝ наредил да ги предаде пораките.
Препорачано
Џонс и нејзината компанија „Jonesworks“ го претставуваа актерот Џастин Балдони, ѕвездата на „It Ends With Us“ и неговата продукциска куќа „Wayfarer Studios“. Партнерката на Jonesworks, Џен Абел беше главна на проектот.
„Њујорк тајмс“ минатата година објави приказна во која се тврди дека Абел и Балдони смислиле план да ги поткопаат тврдењата на Блејк Лајвли дека ја малтретирал на снимањето. Кога приказната излезе, се веруваше дека Џонс земала пораки од мобилниот телефон на Абел и ги испратила до медиумот.
Во една од серијата тужби и противтужби што се појавија откако медиумот ја објави приказната, Балдони тврдеше дека врската меѓу Џонс и Абел нагло се влошила и дека Стефани одеднаш ја отпуштила Џен, ѝ го одзела мобилниот телефон и ја избркала од канцеларијата во Лос Анџелес. Сè се случило, како што тврди тој, кога почнале разговорите за неговата борба со Лајвли во август минатата година.
Во тужбата беше наведено и дека Џонс се плашел дека Абел се обидува да ја измами и да ги украде нејзините клиенти.
Џонс поднела документ во четвртокот тврдејќи дека таа ги испраќала пораките само до медиумот затоа што судот ѝ наредил да го стори тоа. Не е познато како до „Њујорк Тајмс“ стигнале пораките од луѓето кои ѝ ја доставиле судската покана. „Прво, немаше протекување… Информациите беа изработени врз основа на судска покана. Wayfarer намерно ја избегнува оваа реалност за да го унапреди нејзиниот публицитет, но тие не можат да ја променат судската поканата“, вели таа во документот.
Патем, Балдони неодамна поднел противтужба против Џонс и нејзината компанија, тужејќи ја за прекршување на договорот и наметнатиот договор за добра волја и правично постапување. Џонс претходно го тужеше актерот за прекршување на договорот.
Овој случај се очекува да оди на суд следната година.