
ПСЖ си најде тренер и тргнува во потрага по напаѓач
ПСЖ откако го реши прашањето со тренерската позиција, Кристоф Галтие кој го наследи Маурисио Покетино, ќе се обиде да го засили нападот иако во тимот се наоѓаат едни од најголмите фудбалски ѕвезди, Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар.
Препорачано
Галтие им порача на челниците на ПСЖ дека го сака Бразилецот во тимот за следната сезона, но и покрај тоа бара уште еден напаѓач.
На листата на желби се наоѓаат три имиња, од кои првата засега делува нереално, тоа е Роберт Левандовски.
Полјакот има голема желба кариерата да ја продолжи во Барселона, но каталонскиот тим се наоѓа во големи финансиски проблеми и засега не може да ги исполни барањата на Баерн Минхен. Германскиот тим бара 50 милиони евра отштета, додека Барселона вчера достави понуда тешка 40 милиони плус пет милиони во бонуси.
ПСЖ не се откажува и новиот спортски директор Луис Кампос веќе разговарал со агентот на Левандовски, Пини Захави и го информирал дека францускиот тим е заинтересиран за трансфер.
Највисоко на листата на желби се наоѓа напаѓачот на Сасуоло, Џанлука Скамака, но двата тима засега не можат да се договорат за отштетата. ПСЖ нуди 40 милиони плус бонуси, додека Сасуоло бара 10 милиони евра повеќе.
Третата опција е играчот на Ремс, Уго Етиките кој има договор со Њукасл. Челниците на ПСЖ разговарале со младиот француски интернационалец, кој побарал дополнително време за да размисли за понудата.
Екитике сака да биде стандарден и смета дека во Њукасл би имал поголема минутажа отколку во ПСЖ каде во први опции во нападот се Мбапе, Нејмар и Меси.
Францускиот тим не се откажува ниту од дефанзивецот на Интер, Мартин Шкринијар, но „нераѕурите“ бараат премногу пари, 70 милиони евра, сума која ПСЖ не сака да ја плати.