Фото: Pexels/Yan Krukau

Психотерапевтка тврди: Ова е најлошата работа која можете да му ја кажете на вознемирено дете

Психотерапевтката Рејчел Снајдер, која е специјализирана за тинејџерска анксиозност, депресија и траума, откри дека има една работа што родителите никогаш не треба да му ја кажат на детето кога е вознемирено, исплашено или луто.

Тоа е фраза што ја користат многу родители, а таа гласи: „Смири се!“.

Во разговор за порталот „Parents“, Снајдер вели дека со оваа постапка нема да го поттикнете интелектуалниот раст на детето, ниту ќе го научите на здрави вештини за соочување со проблемите во животот. Психотерапевтката потенцира дека оваa изјава ќе го натера детето да се чувствува како да ќе мора да ги потисне своите чувства и дека плачењето е погрешна реакција.

„Ова му говори на детето дека плачењето не е ниту прифатливо, ниту соодветно. Овој пристап не е здрав и прифатлив“, вели Снајдер.

Според Снајдер, кога емоционалните потреби на една личност се потиснати во детството, тие се борат со нив во зрелоста.

„Постојат возрасни личности кои ги потиснуваат своите емоции или целосно ги игнорираат затоа што во одреден момент од животот им било кажано дека не е во ред да ги изразат јасно и отворено“, додава таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот