
Прво виртуелно доделување на наградите „Еми“: Младата Зендаја изненадување на вечерта!
Сериите „Succession“, „Schitt’s Creek“ и „Watchmen“ доминираа на овогодинешните „Еми“ награди, кои поради коронавирусот се преселија во виртуелниот свет, нудејќи им можност на ѕвездите гламурозните фустани и одела да ги заменат со пижами и тренерки.
Препорачано
Серијата „Succession“ во продукција на ХБО за поделбите во семејството на медиумскиот магнат, ги доби наградите за најдобра драмска серија, а Џереми Стронг за најдобра машка улога. Серијата доби и награди за сценарио и режија.
Најголемо изненадување на вечерта беше наградата за најдобра актерка во драмска серија, која ја доби 24-годишната Зендаја, која во серијата „Euphoria“ глуми зависничка.

Фаворити беа и Лора Лини која глуми во серијата „Ozark“ и Џенифер Анистон со улога во американската драма „The Morning Show“.
Прифаќајќи ја наградата, Зендаја ѝ оддаде голема почит на судијката во американскиот Врховен суд Рут Бејдер Гинсбург, која неодамна почина, поттикнувајќи ги гледачите да се регистрираат за да можат да гласаат на претседателските избори.
„Schitt’s Creek“, неочекуван хит на малата телевизиска мрежа „Pop TV“ во која фокусот е ставен на едно богато семество принудено да живее во трошен мотел, осви најмногу награди, дури девет, вклучувајќи ја и наградата за најдобра хумористична серија, како и наградата за глума, доделени на канадските ѕвезди Кетрин О’Хара, Јуџин Леви, Даниел Леви и Ени Марфи.
„За прв пат во историјата на доделувањето на наградите „Еми“, една комична серија е наградена во сите седум категории во иста година“, изјавија организаторите.
Дистописката драма на ХБО „Watchman“, обработувајќи ги расните теми, ја освои наградата за најдобра мини-серија и најдобро сценарио.

Наградени се Реџина Кинг, за главна женска улога и Јахја Абдул-Матин Втори, за најдобра споредна улога.
Авторот на серијата Дејмон Линделоф ги посвети наградите на жртвите и преживеаните од масакрот во црнечките заедници во Тулса во 1921 година.
Поради пандемијата немаше црвен тепих или публика, а доделувањето на наградите беше пренесувано во живо на „ABC“.

Продуцентите им испратија сетови со камери и микрофони на сите новинари, а тие самите избираа кога и каде ќе ги проследи публиката.
„Се чини несериозно и непотребно да се прават вакви работи за време на пандемија“, изјави водителот Џими Кимел.
„Ова вечерва не е важно, нема да го запре ковид или да ги изгасне пожарите, но забавно е, а сега ни треба забава“, рече Кимел.