
Првиот натпревар на ЕП 2024 ракометарите ќе го играат на фудбалски стадион
Ракометната репрезентација на Македонија доби тешка група на Европското првенство во 2024 година, но ќе има посебна чест да игра на фудбалски стадион пред 50.000 гледачи.
Препорачано
Македонија ќе игра во група со Франција, Швајцарија и домаќинот Германија, а токму поради тоа што ќе бидат во група со домаќинот момците на Лазаров ќе имаат чест да бидат дел од натпревар со кој ќе се постави рекорд во ракометниот свет.
Ждребот за распоредот сакаше Македонија да има привилегија да игра против Франција во првото коло на 10-ти јануари на „Меркур шпил-Арената“ во Диселдроф која собира 50.000 гледачи.
Според најавите во тој прв ден на Европското првенство планирано е домаќинот Германија да ја отвори програмата со натпреварот против Швајцарија, а во вечерниот термин да играме ние против Франција, Натпреварите од второто и третото коло продолжуваат во Берлин. На 14-ти јануари ќе играме против Германија, а два дена подоцна против Швајцарија.
РАСПОРЕД НА МАКЕДОНИЈА:
10-ти јануари: Македонија – Франција
14-ти јануари: Германија – Македонија
16-ти јануари: Македонија – Швајцарија
Тежок ждреб за ракометарите: Франција и Германија во група со Македонија на ЕП 2024
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
45мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5