фото: facebook.com/TFTbasketballTEAM

Прва лига: ТФТ го декласираше Вардар со 53 коша разлика

Во 19 коло од најдобрата македонска кошаркарска лига екипата на ТФТ убедливо со резултат 90:37 го совлада Вардар.

Играчите на ТФТ доминираа на паркетот по одиграни четвртини 17.13, 23:12, 24:5 и 26:7.

Во победничките редови блескаше Герет Браун со 15 поени, следен од Зафиров со 14 поени и девет скокови.

На спротивната страна Бајрам беше прв стрелец со 10 поени и четири асистенции, следен од Столевски со девет поени и седум скокови.

На табелата ТФТ е на второто место со 32 бодови, колку што има и МЗТ, со напомена дека актуелниот шампион има натпревар помалку. Вардар е на последното 12 место со 19 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот