КК Ангели го запиша вториот триумф во македонскиот кошаркарски шампионат/Фото: kfsm.mk

Прва лига: Работнички не може ни против КК Ангели

И последнопласираната екипа во шампионатот Ангели успеа да слави победа над најтрофејниот клуб во Македонија, Работнички, со резултат 73:64.

Гостите од „Градски парк“ ја добија првата четвртина, и тоа убедливо, со 27:14, период од играта во која поентерската улога ја имаа Какруки и капитенот Марковски. Но, домашната екипа брзо се врати во натпреварот.

Ја искористија својата шанса кошаркарите на Ангели во втората четвртина во која беа многу подобри од противникот. Ја реализираа во своја корист, со високи 22:9, па на полувремето и двете екипи заминаа со идентични 36:36.

Затоа пак доста израмнето се играше во продолжението од средбата во салата „Независна Македонија“. Ниту една од двете екипи не направи некоја сериозна предност. Во 17 минута од играта, Ангели водеше со 50:48. А серијата, избраниците на тренерот Горан Ѓорѓиевски ја затворија со уште поголемо водство од 56:52 по три одиграни четвртини.

По тројката на Деолски, таа разлика беше уште поголема,порасна на највисоките 59:52. По серијата од 7:2, домашната екипа беше на уште подалечни, се покажаа и како недостижни 63:54. Последната четвртина беше недоволна за „она што остана во Работнички“ биде конкуренција, макар и за последно пласираната екипа во друштвото на најдобрите.

Милков дојде до 18 поени, Деолски и Раме имаа по 17, додека во неуспешното деби на Игор Михајловски, новиот тренер на Работнички, Марковски и Какруки уфрлија по 17 поени, додека Данаиловски постигна 10. После 14 одиграни натпревари, сега, кошаркарите на Ангели се на скор 12-2, и со значително зголемени шанси во трката за опстанок во друштвто на најдобрите екипи во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот