фото: facebook.com/bcfeniks2010

Прва кошаркарска лига: Феникс 2010 непријатно го изненади Пелистер

Денеска во 17 коло од Првата македонска кошаркарска лига екипата на Феникс 2010 направи изненадување совладувајќи го Пелистер со 85:77.

Во победничките редови доминираше А. Бертранд со 33 поени, осум скокови и две асистенции.

На спротивната страна прв стрелец беше Б. Стајиќ со 19 поени, два скокови и седум асистенции.

На табелата Пелистер е на третото место со 27 бодови, колку што има и ТФТ на втората позиција.

Феникс 2010 после осмата победа сезонава е на осмото место со 25 бодови.

Се одигра уште еден меч, тимот на Чаир 2030 на гости со 107:81 славеше над Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот