Против негова волја, поранешниот кинески претседател изнесен од Конгресот на Комунистичката партија

Фото: EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Поранешниот кинески претседател Ху Џинтао денеска беше изнесен,очигледно против негова волја, пред церемонијата на затворање на Конгресот на Комунистичката партија на Кина, јавија западни медиуми.

Тој необичен инцидент не беше објаснет или пренесен од кинеските државни медиуми, а се чини дека секое спомнување на поранешниот претседател е цензурирано на кинескиот интернет.

Ху Џинтао беше претседател на Кина од 2003 до 2013 година. Ху (79) изгледаше многу изнемоштено и беше повикан од персоналот да стане од своето место до претседателот Си

Џинпинг во првиот ред во Палатата на народот во Пекинг каде се одржуваше конгресот.

Еден вработен се обиде да го фати за рака поранешниот претседател, но тој одби. Лицето потоа се обидело да го повлече да стане, но тој продолжил да се спротивставува.

Потоа очигледно се обидел да земе некои документи кои изгледале дека му припаѓаат на актуелниот претседател. Потоа имало разговор од околу една минута помеѓу вработениот и Ху Џинтао.

Ху Џинтао на крајот беше убеден да ја напушти салата, очигледно против негова волја. Држејќи го за рака, вработените го извадија од салата. За таа акција не е дадено официјално објаснување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот