Протест за поддршка на студентот Богдан кој штрајкува со глас ФОТО/Принтскрин Нова.рс

Протести во Србија – поддршка на студентот Богдан кој во притвор штрајкува со глад

Српските студенти и граѓани вечерва организираа протестна прошетка во Нови Сад за поддршка на студентот на Техничкиот факултет Богдан Јовичиќ, кој штрајкува со глад осум дена. Тие се собраа на кампусот на Универзитетот во Нови Сад, а потоа пешачеа по неколку булевари во градот, пренесува Нова.

Колоната ја предводеа велосипедисти. Студентите ги повторија своите барања, меѓу кои и Богдан Јовичиќ да биде ослободен од затвор. Второто барање е ослободување од затвор на сите уапсени земјоделци кои беа приведени на 15 септември, на протест пред зградата на владата во Покај. Третото барање се однесува на ослободување од затвор на граѓаните обвинети за обид за убиство за наводниот напад врз членовите на „Кобра“.

Четвртото барање на студентите е повлекување на контроверзните измени на Кривичниот законик, со кои се криминализираат блокадите на патиштата.

Неколку илјади луѓе се собраа за да кренат бучава со свирење со свирчиња и вувузели, а повремено и скандирајќи „Пуштете ги сите надвор“.

Протести во поддршка на студентот Богдан се организираат вечерва, покрај во Нови Сад и Белград, и во Ниш, Крагуевац и Ужице.

Студентот Богдан Јовичиќ беше уапсен во ноќта помеѓу 14 и 15 август, откако просториите на Српската напредна партија беа демолирани за време на протест во Нови Сад. Тој е обвинет за кривично дело насилно однесување на јавен собир.

По еден месец поминат во притвор, неговиот притвор беше продолжен за уште еден месец на 11 септември, по што тој започна штрајк со глад. Во среда, тој беше префрлен од затворот во Нови Сад во затворската болница во Белград.

Јовичиќ во писмо до јавноста напиша дека ќе продолжи со штрајкот со глад сè додека не му биде дозволено да се брани од слобода, во согласност со законот. Во меѓувреме, неговиот татко почина, а тој присуствуваше на неговиот погреб во присуство на полицијата, со врзани нозе, што беше осудено од многумина.

Граѓаните протестираа и вчера, во знак на поддршка.

Уапсениот студент Богдан донесен на погребот на својот татко со лисици на нозете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот