Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Пронајдено тригодишно дете во пелени како лута низ Тиват, излегло само од дома од стан на приземје

Тригодишно дете е пронајдено во парк во Тиват сосема само, а на себе имало само пелени. Полицајци од Одделението за обезбедување на Тиват, заедно со нивните колеги од Комуналната полиција, го пронашле момчето во паркот, изјави за порталот РТЦГ, началникот на Полициската управа Тиват, Миодраг Кнежевиќ. Во меѓувреме детето е вратено кај родителите. Кнежевиќ вели дека момченцето само го напуштило станот кој, како што е утврдено, се наоѓа во приземјето на зградата. Детето е од руско говорно подрачје.

„Тоа не е киднапирање или нешто слично, ни се случувале вакви случаи, додуша многу ретко, но се случувало“, изјави утрово Кнежевиќ.

Детето прво било згрижено во Центарот за социјална работа на Црна Гора, но подоцна родителите биле идентификувани и им било вратено.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот