Пронајдени мртви двајца од киднапираните Американци во Мексико

Двајца од четворицата американски граѓани киднапирани во Мексико се пронајдени живи, но другите двајца се мртви, соопшти денеска мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Тој изјавил дека едниот од преживеаните е повреден, пренесува Еј-Би-Си Њуз.

Американските државјани во петокот со бело комбе со таблички од Северна Каролина преминале од Тексас во Матаморос, во североисточната мексиканска држава Тамаулипас, соопшти Американската амбасада во Мексико Сити.

„Набргу по преминувањето во Мексико, неидентификувани вооружени лица отворија оган врз патниците во возилото“, соопшти амбасадата, додавајќи дека „вооружените лица насилно ги ставиле четворица американски државјани во друго возило и побегнале со нив“.

Четворицата американски државјани се идентификувани како Зиндел Браун, Ерик Џејмс Вилијамс и роднините Латавија „Теј“ Мекги и Шаде Вудард.

Мајката на Латавија Мекги, Барбара Бурџис, изјави за Еј-Би-Си дека нејзината ќерка отпатувала од Јужна Каролина во Мексико за медицинска козметичка процедура.

Во Мексико банди киднапираа четворица американски државјани, ФБИ понуди награда за нивно ослободување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!