Книгата е во издание на „Корпус деликти рекордс“

Промоцијата на биографската публикација „Горан Трајкоски – Готра“ ќе се одржи на ПИН-конференцијата

Меѓу убавите настани што ја слават уметноста и музиката во рамки на 11. ПИН е промоцијата на биографијата на Горан Трајкоски – Готра од едицијата „Македонски рок архив“ на Тошо Филиповски.

Монографијата е издание на „Корпус деликти рекордс“ во тираж од 500 примероци во A4 формат на 344 страници со обвивка во тврд повез.

Во книгата се поместени повеќе од 300 фотографии (половина досега необјавени), комплетна биографија и дискографија на Горан Трајкоски, текстови, плакати, влезници за концерти, како и листа на сите театарски претстави за кои тој има создавано музика.

Промоцијата на публикацијата ќе се одржи на 30 ноември, во 19 часот, во галеријата на МКЦ. Книгата го носи неуморливиот дух што се проткајува низ целата кариера на еден од најзначајните македонски музичари.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 258, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 30.11.-01.12.2024)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот