Програмата на Нарконон дава одлични резултати, бројот на лица се зголемува со олабавување на мерките

Уникатната програма на Нарконон дава извонредни резултати. Нашите центри нудат стабилност и удобност за да помогнат да се ослободите од зависноста и да си го обновите вашиот живот без дроги. Како што почнуваат да се олабавуваат мерките така и бројот на лица се зголемува, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Филип Фидановски од НАРКОНОН.

Лицето прво поминува на интервју, а потоа се разгледуваат начините на кои може да се покријат трошоците.

-Ние се наоѓаме во природа и условите се одлични. Моментално 12 лица ги примаат услугите на НАРКОНОН. Правиме првично интервју за да видиме дали и како може да му се помогне на лицето. Потоа следува разговор како да се покријат тие трошоци. Има повеќе варијанти на плаќање и најчесто тоа администрацијата го решава. Околу 85% од лицата кои што ги примале услугите од Нарконон продолжуваат со нормалниот живот, додаде Фидановски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот