Професор Ивановски: Собирањето и рециклирањето на отпадот е голем потенцијал и нови 2.000 работни места

Македонија генерира околу 700.000 тони отпад годишно, пред се од домаќинствата. Нема баш точна евиденција колку е тука плус шут, отпад што не е регистриран.

– Се уште за жал во Македонија не се собира 100% од комуналниот отпад, туку 75%. Се уште околу 15% во селските населби каде нема комунални претпријатија граѓаните сами се снаоѓаат и прават мини депонии. Имаме батерии, фрижидери, комјутери, дигитрони, мобилни телефони. Оваа количнина на електронски отпад ќе расте во годините што следуваат. Од 700.000 отпад во Македонија околу 120.000 се отпад од пакувања, кој теоретски може да се рециклира, но се уште има голем простор за работа. Ние како „Пакомак“ се уште не сме задоволни, но во однос кај бевме пред десет години гледаме напредок. Постои јавно мислење кое врши притисок врз институциите, изјави за Утрински брифинг, професор Филип Ивановски, „Пакомак“.

Правевме истражувања и 90% под граѓаните би го селектирале отпадот, а како главна причина е немањето контејнери во нивна близина.

За жал немаме индустрија која не следи во однос на собирањето на отпадот. Имаше анализа од ДЗР дека само 1% од тоа што се собира како отпад од пакување, зарвршува на рециклирање, но во главно сето она што го собираме ние, можам да кажам дека целата хартија се извезува, не се рециклира, ретко од пластиката останува тука, вели Ивановски и додава дека Македонија во моментов е премал пазар, дури и за отпад, да генерира добволно количество за рентабилно да работи една фабрика за хартија, смета професор Ивановски.

Целиот ланец од собирање па се до рециклирањето треба да се реши. Според нас кога ќе има доволно собирање ќе се најде интерес за рециклирање. Минатите години се појавија неколку фабрики за рециклирање на пластика, но немаа доволно материјал па требаа да увезуваат.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот