Реката Вардар / Фото: илустрација / Слободен печат

Продолжува потрагата по девојчето кое исчезна во Вардар

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска ја продолжува потрагата по исчезнатото 16-годишно во водите на реката Вардар, кај селото Уланци близу Градско.

Девојчето исчезна вчера, по што започна голема потрага со полициски чамци, спасувачи и кучиња-трагачи.

„Дежурниот оперативен центар на ЦУК е известен дека екипите кои вршеа претрага ќе се повлечат поради немање минимум соодветни услови за претрага во ноќни услови. Утре рано наутро, екипите во взаемна меѓусебна координација ќе продолжат со потрагата“, информираше вчера ЦУК.

Инцидентот бил пријавен вчера попладне во СВР Велес – две девојки, едно на возраст од 16, а другото од 26 години, потонале во водите на Вардар кај селото Уланци, општина Градско.

По пристигнување на местото, 26-годишната девојка е пронајдена жива, а по 16-годишното девојче сè уште се трага, соопштија од СВР Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот