Продолжува хаосот пред Австралија Опен: Тенисерката има „цимер“, организаторот не сака да и ја смени собата

До почетокот на Австралија Опен има уште 20-тина дена, но состојбата станува хаотична поради пандемијата на коронавирусот.

Дел од тенисерите веќе пристигнаа во Австралија и веднаш заминаа во карантин, но и тој дел од организацијата не е без проблеми.
Руската тенисерка која настапува под казахстанско знаме Јулија Путинцева доби соба со неочекуван цимер. Имено, таа во хотелската соба виде глушец поради што бараше да и се промени собата, но не наиде на разбирање кај организаторот на Австралија Опен.

Поради тоа, Путинцева одлучи да се огласи на социјалните мрежи.
„Веќе два часа се обидувам да ја променам собата. И никој не дојде да ми помогне поради проблеми со карантинот“, напиша Путинцева.

Ова не е единствен проблем за Путинцева по пристигнувањето во Австралија бидејќи таа мора да помине 14 дена во строг карантин бидејќи еден патник во чартер авионот со кој допатува во Мелбурн бил позитивен на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот