12 C
Скопје

Продолжува хаосот пред Австралија Опен: Тенисерката има „цимер“, организаторот не сака да и ја смени собата

До почетокот на Австралија Опен има уште 20-тина дена, но состојбата станува хаотична поради пандемијата на коронавирусот.

Дел од тенисерите веќе пристигнаа во Австралија и веднаш заминаа во карантин, но и тој дел од организацијата не е без проблеми.
Руската тенисерка која настапува под казахстанско знаме Јулија Путинцева доби соба со неочекуван цимер. Имено, таа во хотелската соба виде глушец поради што бараше да и се промени собата, но не наиде на разбирање кај организаторот на Австралија Опен.

Поради тоа, Путинцева одлучи да се огласи на социјалните мрежи.
„Веќе два часа се обидувам да ја променам собата. И никој не дојде да ми помогне поради проблеми со карантинот“, напиша Путинцева.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Михајловиќ: Пријателството со Златан започна кога ме удри со глава!

Ова не е единствен проблем за Путинцева по пристигнувањето во Австралија бидејќи таа мора да помине 14 дена во строг карантин бидејќи еден патник во чартер авионот со кој допатува во Мелбурн бил позитивен на коронавирус.

Поврзани вести

ВИДЕО: Работнички пресилен за Сутјеска и останува во трка за плеј-офот!

Слободен печат

ВИДЕО: Спектакл на „Санремо“, музичкиот настап на Миха и Ибра ја крена Италија на нозе!

Слободен печат

Сејдини: Штип наскоро ќе биде пример за успешна фудбалска приказна

Слободен печат

Данов пред настапот на ЕП: Се влегува во форма, тренирам во Балканец!

Фидан Коминовски

ВИДЕО | Михајловиќ: Пријателството со Златан започна кога ме удри со глава!

Слободен печат

ВИДЕО: МЗТ Скопје Аеродром го декласираше Ловќен во АБА2 лигата!

Слободен печат

Остави Коментар