Фото: Paul Downey / Flickr

Продадена е гејмерската компанија „Електроник артс“ – и зетот на Трамп е меѓу новите газди

Една од најпознатите компании за видеоигри во светот, „Електроник артс“ (ЕА) објави дека постигнала договор за продажба на сите јавно тргувани акции на конзорциум, од страна на три компании, пренесе Би-би-си.

Трите компании ќе купат 100% од акциите на EA, а за тоа ќе платат 55 милијарди долари, и тоа во кеш. Ова е најголемото вакво преземање во гејминг-индустријата досега.

Акционерите ќе добијат по 210 долари по акција, што е 25% повеќе од моменталната пазарна вредност од 168,32 долари од 25 септември, додека највисоката достигната цена е од 14 август годинава и таа изнесувала 179 долари по акција.

Конзорциумот е составен од државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (ПИФ), „Силвер лејк“, како и од компанијата „Афинити партнерс“, основана од зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

ПИФ веќе имаше удел од 9,9% во акциите на ЕА.

На почеток нема да има некои посебни промени во функционирањето на компанијата, а неа ќе продолжи да ја води актуелниот директор и претседател на одборот, Ендру Вилсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот