Латас / СП. архива

Признанието на Латас кај Стефан Лазаров влезе во Обвинителство

По доставено барање на Секторот за компјутерски криминал при МВР до Основното јавно обвинителство – Скопје оформен е предмет за настанот што новинарот Драган Павловиќ-Латас го раскажуваше во подкаст кај јутјуберот Стефан Лазаров како на 15 години тој и неколку негови другари злоставувале девојка.

Оттаму посочуваат дека надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки. Во исто време, и МВР информира дека поднело известување до надлежното Јавно обвинителство, во врска со објавеното интервју како подкаст на Јутјуб канал.

Имено, Известувањето е поднесено по преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, заедно со целокупниот документиран материјал за понатамошно постапување, се наведува во соопштението на МВР.

Лавина реакции на социјалните медиуми по гостувањето на Латас во поткастот на Стефан Лазаров: За двајцата соговорници силувањето е извор на забава и смеа

„Навистина ја претеравте“ – мајката на јутјуберот Лазаров ја искина партиската книшка од СДСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот