Џо Бајден / Фото EPA-EFE/WILL LANZONI / CNN

Привремено запрена имиграциска реформа на администрацијата на Бајден

Привремено запирање на политиката на Бајден која предвидуваше олеснување на процедурата за добивање законски статус во САД за брачните партнери на американски државјани, нареди судија од Тексас.

Со ова се нанесува удар врз една од најважните мерки во реформата на имиграцискиот систем во земјата, планирана од претседателот Бајден.

Во изјава, Бајден ја оквалификува одлуката на судијата како грешка и истакна дека нема причина да се разделуваат семејствата. – Тие треба да можат да продолжат да живеат заедно и мојата администрација ќе продолжи да се бори за нив, подвлече Бајден.

Судијата Џеј Кембел Баркер го суспендираше спроведувањето на политиката за 14 дена во рамките на постапка покрената од главните обвинители на 16 американски држави, кои ја оспоруваат политиката на администрацијата на Бајден.

Во јуни, Бајден најави мерка која беше наменета да го олесни пристапот до државјанство за околу половина милион имигранти кои се во брак со американски државјани.

Шеснаесетте држави кои презедоа чекори против оваа мерка сметаат дека таа ќе чини милиони долари на јавните услуги, особено во областа на здравството, образованието и спроведувањето на редот.

Администрацијата на Бајден вложува напори за дејствување во областа на имиграцијата, тема која ги дели Американците пред претседателските избори. Демократската партија се обидува да воведе построга политика во однос на нелегалната имиграција, но истовремено и реформи кои подобро ги штитат човековите права и фундаменталните слободи. Од друга страна, Доналд Трамп, кој се бори за реизбор, ги претставува САД како земја погодена од миграциска инвазија.

Реформата која сега беше суспендирана од тексашкиот судија се однесуваше на лица кои престојувале во земјата најмалку 10 години и се ожениле со американски државјани пред 17 јуни 2024 година, како и околу 50.000 доведени деца на американски државјани. Лицата чии молби за државјанство ќе бидат одобрени согласно оваа мерка, ќе добијат дозвола за работа и право да останат во САД за определен период кој може да достигне до 3 години. Во тој период, тие ќе можат да аплицираат за зелена карта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот