фото: МВР

Приведено едно лице во заедничка акција на македонската и косовската полиција – фалсификувал пари

34 годишно лице од Ресен е приведенo на косовска територија во заедничка акција на македонската и косовската полиција.

„Полициски службеници од ОСОСК при македонското Министерство за внатрешни работи и косовската полиција, како дел од Заедничкиот истражен тим помеѓу Основното јавно обвинителство Скопје и Специјалното јавно обвинителство на Република Косово, вчера (04.08.) на косовска територија го приведоа лицето Ш.Д. (34) од Ресен, вработен во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, а поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – „фалсификување пари“, информираа од МВР.

Претреси биле извршени на три локации, при што се пронајдени и одземени: две машини со компресори за потиснување, шест метални печати за изработка на монети од две евра, шест вреќи со полупроизвод на монети и една вреќа со готов производ на фалсификувани монети. Одземенети предмети ќе бидат предадени на понатамошно вештачење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот