Фото: Архива/Слободен печат

Приведени тројца малолетници кои со остар предмет одзеле пари од две лица

Тројца малолетници се приведени денеска од страна на полицијата откако со остар предмет одзеле пари од две лица.

„Денеска (10.11.2023) во 00.20 часот на подрачјето на Бит Пазар од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода тројца малолетници од Скопје, поради тоа што на 09.11.2023 околу 23.15 часот во Градскиот парк во Скопје, со закана со остар предмет од две лица одзеле пари“, информираат од МВР.

Со нив бил извршен разговор во присуство на нивните родители, а кај едно од лицата биле пронајдени дел од одземените пари. По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот