Приведени тројца дрвокрадци во Сирково

Дрва за огрев / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Полицијата вчера привела тројца дрвокрадци во атарот на селото Сирково.

Како што информираат од МВР, вчера во 19.30 часот во атар на село Сирково, општина Росоман, полицијата ги привела А.Ѓ.(58), Д.П.(60), двајцата од село Сирково, и Љ.Ѓ.(65) од Кавадарци. Приведените биле затекнати со нивните трактори со кавадаречки регистарски ознаки со приколки во кои имало товарено дабови огревни дрва без жиг.

Тракторите и дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот