Запалено возило - илустрација

Двајца скопјани ноќеска запалиле две комбиња и една кола на паркинг во Аеродром

Уапсени се двајца скопјани, осомничени дека ноќеска запалиле две товарни и едно патничко возило на паркинг пред Спротскиот центар „Јане Сандански“ во Аеродром, соопшти МВР.

Двете комбиња биле сопственост на приватна фирма од Скопје, а колата на приватно лице од Прилеп.

„На 08.10.2025 во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје на општина Аеродром во Скопје биле опожарени товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки и товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.С. од Прилеп.

Во 02:50 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а по преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица Аеродром и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради сомнение дека го предизвикале пожарот, на бул.АСНОМ од слобода се лишени Ф.Ц.(23) и И.Ц.(24), двајцата од Скопје“, соопшти МВР.

Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот