Фото: Драган Митрески / Слободен печат / илустрација

Приведени двајца рекетари од скопско: Одзеле возило и апарат вредни 17.500 евра, а потоа барале и 12.000 евра за да ги вратат

Во угостителски објект на ул.„Васил Ѓоргов” во Скопје синоќа во 18:30 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.З.(36) од скопското село Елово и Р.А.(34) од Скопје.

Како што денеска соопштија од МВР, тие се сомничат дека на 21 декември од 41-годишно лице од Крушево, поради наводен долг и нерасчистени должничко-доверителски односи, со употреба на сила одзеле патничко возило „БМВ” и апарат за испитување на подземни води во вкупна вредност од околу 17.500 евра. Според пријавата, најпрво му барале 6.000, а подоцна и 12.000 евра за да му го вратат одземеното.

По преземени мерки, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, во наведеното време лицата биле затекнати во угостителскиот објект при примопредавање на парите.

Кај нив биле пронајдени и одземени изнудените пари и фалсификувана лична карта. Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот