Апсење/Фото: МИА

Приведен турски државјанин, се обидел да влезе во државата со фалсификувана возачка дозвола

Педесет и двегодишен турски државјанин вчера бил приведен на граничниот премин Деве Баир, откако при извршена пасошка контрола за влез во државата и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека поседува фалсификувана возачка дозвола.

-Вчера, во 9:30 часот, на граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 52-годишниот Ч. Ј. од Република Турција затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека приложил фалсификувана возачка дозвола – соопштија од МВР.

Со случајот бил запознаен јавен обвинител, а управувачот на возилото бил предаден на полицијата во Крива Паланка за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот