Приведен кумановец баран со потерница за издржување казна затвор

Дваесет и шестгодишен кумановец бил приведен вчера за издржување на казна затвор од две и пол години.

„На 19.02.2024 во 20.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(26) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од две години и шест месеци за сторени кривични дела ‘тешка кражба‘ по член 236 од Кривичниот законик“, информираат од МВР.

С.А. бил спроведен во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот