Приватните специјализанти штрајкуваат, но дали реално може да се најде решение?!

Фото: МИА

Приватните специјализанти денеска го отпочнаа штрајкот, останува неизвесно дали од утре ќе го прекинат бидејќи владата им дала ново ветување дека на утрешната владина седница ќе се одлучува дали ќе им потпише гараниција за повисоки плати. Докторите се надеваат дека ќе се изнајде решение. Тие потенцираат дека изборниот процес не е пречка за исполнување на нивните барања.

– За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми, изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година.

Министерот за здравството Илир Демири смета дека барањата на специјализантите биле со политичка позадина, но сепак, после изборите ќе се изборел за нивните барања.

“После изборите, ќе се изборам да има ребаланс во буџетот и нивните примања да се изедначат со примањата на другите специјализанти, кои се вработени во јавни здравствени установи”, рече Демири.

И пред една недела, откако специјализантите најавија штрајк, од Министерството за здравство соопштија дека по средбата со нив, бил изготвен извештај и доставен до Влада, каде што на некоја од седниците ќе дојде на разгледување со цел да се видат нивните барања.

Во периодот на предизборие, односно од кога се распишаа изборите, не смее да се потпишуваат договори за покачување плати, ниту да се вработува или да се отпочнуваат проекти за кои не биле предвидени пари претходно. Останува после изборите институциите да се изборат за подобри услови за работа на приватните специјализанти кои плаќаат по околу 10.000 евра за специјализација, а земаат само 26.000 денари плата и немаат здравствено осигурување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот