
Принова во кралското семејство: Принцезата Беатрис откри дека со сопругот го очекуваат второто дете
Принцезата Беатрис, постарата ќерка на принцот Ендру и нејзиниот сопруг Едоардо Мапели Моци го очекуваат своето второ заедничко дете, а веста ја потврдија на официјалниот инстаграм-профил на кралското семејство.
Препорачано
Среќната вест доаѓа во една од најпредизвикувачките години за кралското семејство, кога на кралот Чарлс, принцезата Кејт Мидлтон и мајката на Беатрис, Сара Фергусон, војвотката од Јорк, им беше дијагностициран рак.
– Нејзиното кралско височество принцезата Беатрис и господинот Едоардо Мапели Моци со големо задоволство објавија дека на почетокот на новата година го очекуваат своето второ заедничко дете – пишува покрај заедничката фотографија на парот.

Кралот е информиран, а двете семејства се воодушевени од веста.
Инаку, внуката на покојната кралица Елизабета Втора пред три години ја роди ќерката Сиена Елизабет Мапели Моци. Беатрис и Едоардо се венчаа во јули 2020 година, а Мапели Моци го има синот Волфи од претходната врска.
Поранешното момче на британската принцеза пронајдено мртво во Мајами: Toa на крајот го чинеше живот!
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
11мин
-
41мин
-
56мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5