Фото: ЕПА / Јутјуб

Принцот Хари за секс-сцените на Меган во „Suits“: Не требаше да ги гледам, ми треба терапија со електрошок

Меган Маркл се прослави со улогата во серијата „Suits“ во 2011 година, но откако се омажи за принцот Хари во 2018 година, таа мораше да се повлече од глумата, пишува „Њујорк тајмс“.

Кога парот се запознал, Хари сакал да види како неговата идна сопруга заработува за живот, но признал дека бил шокиран кога наишол на нејзините интимни сцени.

Во едно од поглавјата од своите мемоари тој открил како се чувствувал, откако ја изгледал серијата.

„Направив грешка што побарав да ги гледам нејзините секс-сцени на интернет. Особено оние на неа и нејзината колешка во канцеларијата и конференциската сала…Ќе ми треба терапија со електрошок за да ги извадам тие слики од мојата глава. Не требаше да гледам такви работи“, напишал Хари.

Инаку, улогата на Меган во серијата „Suits“, повторно почна да се коментира, откако пред неколку месеци стана достапна на „Нетфликс“. Голема бура предизвика Патрик Адамс, нејзиниот поранешен колега и партнер од серијата, кој неодамна објави досега невидени слики од оваа продукција. Станува збор за експлицитни фотографии, за кои тој подоцна се извини што ги обајвил.

Да потсетиме, принцот во својата контроверзна книга „Резерва“, објавена во јануари 2023 година, напиша дека Кралската палата се мешала во снимањето на серијата и дека за Меган „било многу тешко, бидејќи ја сакала серијата, ликот што го играла, колегите актери и целата актерска екипа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот