Фото: Принтскрин/Инстаграм

Принцот Хари призна: Во последните две години го чувствувам присуството на мајка ми повеќе од кога било досега

Принцот Хари за странските медиуми изјави дека неговата мајка, принцезата Дијана, е присутна во се што тој прави и дека се надева дека таа „таму некаде“ се гордее со него.

„Се трудам да ја почитувам мајка ми во се што правам. Се надевам и верувам дека ја правам горда. Во тие 12 кратки години кои имав среќа да ги поминам со неа, ја видов и почувствував енергијата и силата што таа ги доби помагајќи им на другите, без разлика на нивното потекло, болест или статус. Затоа животот на тие луѓе, но и нејзиниот бил подобар, колку и да биле кратки“, изјави Хари.

Тој откри дека во последните две години повеќе од кога било досега го чувствува присуството на мајка си.


Принцот се обидува да ги следи стапките на неговата мајка правејќи работи кои и биле важни, како што е добротворна работа, особено помагање на организацијата „Halo Trust“ со која Дијана работела во Ангола во 1990-тите на расчистување на нагазните мини.

„Тоа што го направи мајка ми тогаш, и многу други луѓе, беше рушење на тој ѕид. Таа ја отвори вратата со ногата и рече: „Не. Кога луѓето страдаат, тоа мора да го знае целиот свет“ изјави помладиот син на Дијана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот