Кралот Чарлс и принцот Хари - Фото: Steve Parsons / PA Images / Profimedia

Принцот Хари целосно ја збуни Бакингемската палата: Тврди дека кралските службеници го саботираат смирувањето со неговиот татко

Принцот Хари повторно го привлече вниманието на јавноста со обвинувањата дека службениците на палатата намерно ги поткопуваат неговите напори да го поправи односот со кралот Чарлс.

53-минутната средба меѓу принцот Хари и кралот Чарлс на 10 септември беше сметана за обид за поправање на односите, но Хари наводно бил изненаден од формалноста и се пошегувал дека се чувствува повеќе како официјален посетител отколку како член на семејството. Сепак, средбата, наводно, му дала и причина на Хари да помисли дека наскоро би можел да се врати на кралските должности, пишува „Дејли мејл“.

Сепак, она што Хари го кажува во Америка, се чини дека не е по вкусот на неговото семејство во Лондон.

Принцот Хари наводно ги нападнал кралските службеници, кои принцезата Дајана некогаш ги нарекувала „мажите во сиви одела“, обвинувајќи ги дека се обидуваат да го саботираат неговото помирување со кралот Чарлс со ширење негативни приказни во медиумите. Неговата последна средба со неговиот татко предизвика бран коментари, при што еден кралски извор инсистира дека високите помошници всушност работат на зајакнување на важните семејни односи.

„Реалноста е дека високите помошници работат приватно за да го подобрат она што е важен семеен однос“, откри извор за „Дејли мејл“, додавајќи дека Бакингемската палата е сè повеќе „збунетма и иритирана“ од најновите тврдења за заговор на Хари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот