Илустрација / Фото: Pexels / icon0 com

Причината ќе ве изненади! Илјадници комарци во капсули пуштени на Хаваи

Во текот на јуни и јули, хавајските власти пуштија десетици илјади биоразградливи капсули со комарци над хавајските шуми за да спасат еден домороден вид птици.

Секоја капсула содржела околу 1.000 генетски адаптирани комарци, стерилизирани мажјаци кои не можат да ги оплодат женките.

Целта на оваа акција е да се потисне популацијата на инвазивни комарци кои шират птичја маларија и претставуваат директна закана за опстанокот на домородните хавајски птици, вклучувајќи ги и ретките видови на медоносни ползавци, таканаречените хавајски медоносни ползавци (Hawaiian honeycreeper), објавува Си-ен-ен.

Овој тип на хавајски птици играат клучна улога во хавајските екосистеми како опрашувачи и распрснувачи на семе, а се и значаен дел од локалната домородна култура.

Во минатото, како што објаснува Си-ен-ен, имало повеќе од 50 видови, но денес има само 17 од нив и повеќето од нив се загрозени.

Како што објаснува Крис Фармер, директор на програмата на Хаваи на Американската заштита на птици (ABC), најголемата закана не е урбанизацијата и уништувањето на шумите, туку птичјата маларија, која се пренесува преку комарци.

Комарците не се автохтони на Хаваи, но за првпат се забележани во 1826 година.

„Комарците предизвикаа бранови на истребување“, истакнал Фармер, бидејќи автохтоните птици немаа развиено имунитет на болеста.

Додека птиците порано живееја на планини каде што комарците не можеа да преживеат поради пониските температури, климатските промени сега им овозможуваат на инсектите да се искачуваат сè повисоко и повисоко, туркајќи ги птиците од нивните последни живеалишта.

„Ако не го прекинеме тој циклус, ќе ги изгубиме нашите автохтони видови птици“, предупредил Фармер.

Поради штетните ефекти на пестицидите врз други важни инсекти, како што се вилинските коњчиња и винските мушички, решение се бараше во таканаречената техника на некомпатибилни инсекти (IIT).

Овој метод користи машки комарци кои ги носат природните бактерии „волбаи“, што доведува до неплодност кога се парат со диви женки.

Во 2023 година, првите комарци беа фрлени од хеликоптер на загрозеното живеалиште на птици на Мауи.

Денес, на неделна основа, околу 500.000 комарци се ослободуваат на Мауи и исто толку на островот Кауаи.

„Имаме проценка колку диви комарци има и се обидуваме да ослободиме десет пати повеќе стерилни мажјаци за да се парат што е можно повеќе женки со нив, што резултира со јајца што не се изведуваат“, рекол Фармер.

Според него, ова е првпат техника на некомпатибилни инсекти да се користи за заштита на природата на глобално ниво.

Сепак, тој предупредува дека овој вид интервенција е соодветен само во средини каде што комарците се инвазивен вид, како што се Хаваи.

Главниот предизвик е непристапниот планински терен и неповолните временски услови, поради што започна употребата на дронови кои прецизно испуштаат капсули со комарци.

„Ако има доцнење од само неколку години, шансата за спасение драстично се намалува“, предупредил Кристофер Киријазис, водечкиот автор на студијата.

Постои надеж дека, со контрола на комарците, птиците би можеле да се опорават и да развијат отпорност на болеста, а еден вид веќе покажува знаци на адаптација.

За видовите кои веќе исчезнале од дивината, како што е „`акикики“, побезбедна средина би можела да овозможи повторно воведување на примероци кои моментално се одгледуваат во специјализирани центри.

„Да се биде сведок на истребувањето на овие птици е уништувачко за душата. Но, знаеме дека можеме да ги спасиме. Ако не го направиме тоа во оваа деценија – можеби никогаш повеќе нема да ја имаме таа шанса“, заклучил Фармер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот