Принцот Хари и кралот Чарлс / Фото: LOIC VENANCE / AFP / Profimedia

Претставници на принцот Хари и кралот Чарлс одржаа таен состанок: „Патот до помирување ќе биде долг…“

Принцот Хари и кралот Чарлс можеби се на пат кон помирување по години семејни тензии, објави „Пејџ Сикс“.

Според медиумот, минатата недела во Лондон се одржал „таен мировен состанок“ меѓу нивните најблиски соработници – Мередит Мејнс, главната советничка за комуникации на Хари и неговата сопруга Меган Маркл, и Тоби Андреа, секретар за комуникации на кралот Чарлс.

Средбата се одржала минатата среда во престижниот клуб на Кралската прекуморска лига, а на нив им се придружи и Лиам Магваер, задолжен за британските медиуми во име на војводата и војвотката од Сасекс. Според изворите, средбата била неформална, со пијалоци на терасата на клубот.

„Патот до помирување ќе биде долг, но првиот канал за комуникација конечно е отворен по многу години. Немаше официјална агенда, само опуштен разговор со пијалоци. Двете страни имаа теми за кои сакаа да разговараат. Ова е само првиот чекор во помирувањето меѓу Хари и неговиот татко, но барем се движи во вистинската насока. Сите сега сакаат да го остават минатото зад себе и да продолжат понатаму. Конечно, дојде вистинскиот момент за разговор“, рече изворот, додавајќи дека состанокот на Мејнс со британскиот тим за комуникации, медиумите, релевантните засегнати страни и важните луѓе поврзани со хуманитарните ангажмани на Хари е дел од редовното планирање и комуникација.

За потсетување, односите во кралското семејство се влошија откако Хари и Меган ги напуштија своите кралски должности во 2020 година и се преселија во Америка. Тензиите дополнително ескалираа откако тие јавно изнесоа обвинувања за расизам во семејството и снимија документарна серија за Нетфликс, како и кога принцот Хари ја објави својата автобиографија „Spare“ во јануари 2023 година, во која, меѓу другото, тврдеше дека неговиот постар брат, принцот Вилијам, физички го нападнал поради Меган.

Хари претходно оваа година изјави дека е спремен да се смири со своето семејство, но исто така призна дека некои членови на семејството можеби никогаш нема да му простат за многу работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!