Претседателот на Црна Гора на 9 и 10 јули е во официјална посета на Србија

Јаков Милатовиќ убедливо го победи Мило Ѓукановиќ на изборите во Црна Гора/Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на 9 и 10 јули ќе престојува во официјална посета на Србија, при што ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со претседателот на Народното собрание, Владимир Орлиќ, јавува РТС.

Како што соопштија од Кабинетот на црногорскиот претседател, планирано е Милатовиќ со воени почести да положи венец на Споменикот на непознатиот херој во Авала, како и да положи цвеќе пред ОУ „Владислав Рибникар“.

Во чест на посетата на претседателот Милатовиќ, Амбасадата на Црна Гора ќе приреди и свечен прием во Црногорската куќа во Белград.

Посетата на Милатовиќ на Србија е прва по официјалните посети на Брисел и институциите на Европската унија и НАТО, а, како што рече претходно, целта е зајакнување на политичките и економските односи меѓу двете земји и подобрување на регионалната соработка, се додава во соопштението. .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот