Екатерини Сакеларопулу / Фото EPA-EFE/DUMITRU DORU

Претседателката на Грција одржа лидерска средба, земјата ќе добие службена Влада

Лидерската средба во Претседателската палата во Атина, како што беше очекувано, заврши без да се постигне договор, а Грција ќе добие привремена, службена Влада што ќе има една единствена цел, да ја одведе земјата на избори на 25 јуни, јави дописничката на МИА од Атина.

На покана на претседателката Катерина Сакеларопулу, согласно уставните одредби, на иста маса седнаа лидерите на петте партии што обезбедија место во грчкиот Парламент: претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, на СИРИЗА Алексис Ципрас, на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис, на Грчко решение Кирјакос Велопулос, како и генералниот секретар на Комунистичката партија Димитрис Куцубас.

-Лидерите на партиите на средбата ја потврдија неможноста да се формира Влада која ќе има довербата од Парламентот. Лидерите на партиите ја отфрлија и можноста за формирање Влада од сите партии во Парламентот за одржување избори, соопштија од кабинетот на грчката претседателка.

По ова, додаваат, дека претседателката најавила дека мандатот за формирање Влада ќе му го довери на претседателот на Судот на ревизори, Јоанис Сармас.

Лидерската средба, со оглед на тоа дека беше формална, а не суштинска траеше кусо, само половина час, а претседателите на партиите си заминаа без да дадат изјави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот