Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени две лица

Полициски службеници синоќа ги привеле Ф.М.(28) и А.И.(34), двајцата од Кичево. При претрес во домот на Ф.М., биле пронајдени и одземени марихуана и една таблета.

При претресот во домот била затекната А.И. и кај неа биле пронајдени и одземени  марихуана и бела прашкаста материја.

За настанот е известен Јавен обвинител, а лицата се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот