Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ/фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Преку Торино до историја: Новак Ѓоковиќ атакува по нов рекорд

Официјално започнува завршниот АТП Мастерс турнир во Торино, Италија, а најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ од 21.00 часот ќе излезе на терен против Холгер Руне од Данска.

Доколку денеска триумфира српскиот ас, на крајот на годината ќе го обезбеди првото место на АТП-листата, а со тоа ќе ја стигне и магичната граница од 400 недели што ќе ги помине како најдобар тенисер на планетата.

Првиот меч во Торино ќе го одиграат Јаник Синер (Италија) и Стефанос Циципас (Грција) од 14.30 часот во рамките од „Зелената“ група“.

Двајцата најдобри тенисери од оваа група ќе обезбедат пласман во полуфиналето. Во „Црвената група“ ќе играат Карлос Алкараз (Шпанија), Данил Медведев, Андреј Рубљов и Александар Зверев (Германија).

Ѓоковиќ нема да атакува само на една победа, туку и на титулата во Торино, рекорд по бројот на освоени Завршни мастерси (моментно е израмнет со Рожер Федерер со по шест), и евентуалниот пехар би бил одлична увертира за Дејвис купот со репрезентацијата на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот