
Преку Меџитлија сообраќајот за автомобили се одвива регуларно, грчките земјоделци блокираат само камиони
Земјоделците во Грција, на состанокот во средата одлучија да започнат со блокади на патиштата, автопатите и граничните премини, а паралелно побараа средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, која ќе се одржи во вторник.
Сообраќајот на автомобили од и кон Македонија преку граничниот премин Ники (Меџитлија) од грчка страна се одвива регуларно, а земјоделците во рамките на нивната четиричасовна блокада, ја затворија границата само за товарни возила, кои во најголемиот дел се камиони што пренесуваат лигнит.
Препорачано
Како што објави Медиумската информативна агенција, земјоделците од северозападна Грција блокадата ја најавија за периодот од 12 до 16 часот по локално, односно од 11 до 15 часот по македонско време, а кусо по почетокот на блокадата автомобилите поминуваа без проблеми, иако сообраќајот бил со намален интензитет во споредба со претходните денови.
Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека земјоделците кои се собрани на граничниот премин паралелно ќе ги информираат возачите и патниците за нивните барања.
Земјоделците во Грција, на состанокот во средата одлучија да започнат со блокади на патиштата, автопатите и граничните премини, а паралелно побараа средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, која ќе се одржи во вторник.
Освен блокадата на граничниот премин Ники (Меџитлија) кон Македонија, засега не се најавени блокади на другите гранични премини кон соседните земји на Грција.
Грчките земјоделци од денеска ги блокираат сите гранични точки