Фото: Пекселс/ daniele-putti

Прекрасeн остров нуди шанса за нов почеток за само едно евро!

Сардинија, еден од најубавите европски острови, се соочува со голем проблем: исчезнувањето на локалното население. Иако има многу туристи, бројот на постојани жители се намалува. Според податоците објавени од Политико, населението на островот се намалило од 1,64 милиони на 1,57 милиони во последните триесет години, а половина од населението сега живее во двата најголеми града. Поради ова, помалите градови и села полека умираат- пишува Каматица.

Главната причина е демографскиот пад. Со просек од само 0,91 дете по жена, Сардинија има најниска стапка на наталитет во Италија, земја која самата по себе е меѓу најниските во Европската Унија. За стабилно население, за потсетување, потребни се најмалку 2,1 дете по жена. Високата невработеност и потрагата по подобри можности дополнително ги празни селата од млади луѓе.

– Последното дете овде е родено пред 10 години – вели Марија Ана Камеда, началничка на селото Барадили, најмалото во Сардинија, со само 76 жители.

Местото е толку мало што може да се помине за неколку минути, но е уредно и добро одржувано. Во Барадили, основното училиште беше затворено пред повеќе од 30 години, а денешните деца од неколку села посетуваат настава патувајќи секое утро со бесплатен автобус. Најблиското средно училиште и болница се оддалечени повеќе од 30 километри.

За да се спречи исчезнувањето на селата, локалните власти нудат силни стимулации за новите жители. Брачен пар што се преселува во село на Сардинија со помалку од 3.000 жители може да добие до 15.000 евра за купување или реновирање на куќа. Месечна поддршка од 600 евра за првото дете и 400 евра за секое следно дете до петгодишна возраст.

Исто така, постојат локални иницијативи, како онаа во Ололаи, која нуди куќи за само 1 евро. Сепак, странците сè уште во голема мера го заобиколуваат островот – тие сочинуваат само 3,3% од населението, додека просекот во Италија е 8,9%. Државата го препозна проблемот, па владата на Џорџа Мелони најави увоз на 500.000 странски работници во следните три години. Иако младите Сардинијци заминуваат, некои странци го избираат спротивниот пат.

Селото Ололаи стана познато по проектот куќи за 1 евро, започнат во 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот