Прегазената малолетничка на булевар Србија има тешки телесни повреди

Фото: МВР

Заврши увидот на сообраќајната несреќа на булеварот Србија каде попладнево прегазено беше малолетно девојче. Како што соопшти МВР, девојчето се здобило со тешки телесни повреди.

Денеска во 16.25 часот на бул.”Србија” спроти бензинска пумпа патничко возило “пасат” со скопски регистарски ознаки, управувано од  Д.Л. удрило во малолетен пешак. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники “Мајка Тереза”, каде била пренесена за укажување на лекарска помош. Увид врши увидна екипа на СВР Скопје, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот